Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) објави дека купува опрема во вредност од над два милиони евра за 400 kV (киловолтно) и 110 kV (киловолтно) напонско ниво. За таа цел претставници на АД МЕПСО и на АББ, реномиран шведски производител на електро-опрема, денеска склучија договор за купопродажба, испорака и инсталација на високонапонска опрема за 16 трафостаници. Во рамки на овој проект финансиран со кредитна линија од Светската банка набавени се прекинувачи, одводници на пренапон и мерни трансформатори за далеководни полиња на 400 kV и на 110 kV напонско ниво, раставувачи за 110 kV напонско ниво и друга дополнителна опрема. Инсталацијата на новата опрема АББ ќе треба да ја изврши во наредните пет месеци.
Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) објави дека купува опрема во вредност од над два милиони евра за 400 kV (киловолтно) и 110 kV (киловолтно) напонско ниво.
За таа цел претставници на АД МЕПСО и на АББ, реномиран шведски производител на електро-опрема, денеска склучија договор за купопродажба, испорака и инсталација на високонапонска опрема за 16 трафостаници.
Во рамки на овој проект финансиран со кредитна линија од Светската банка набавени се прекинувачи, одводници на пренапон и мерни трансформатори за далеководни полиња на 400 kV и на 110 kV напонско ниво, раставувачи за 110 kV напонско ниво и друга дополнителна опрема, се појаснува во соопштението на МЕПСО.
Инсталацијата на новата опрема АББ ќе треба да ја изврши во наредните пет месеци.